Јули 2024
Интернационална Олимпијада по германски јазик (IDO) 2024
Под мотото „ Биди дел! Создавај знаења, креирај иднина “ оваа година од 15-ти до 22-ри Јули се одржува најголемиот натпревар по германски јазик на светско ниво.
Повеќе од 100 млади од околу 60-тина држави се очекува да пристигнат во Гетинген и бидат дел од оваа светска олимпијада, која се oрганизира секоја втора година од страна на Гете-Институтот во соработка со Интернационалното Здружение на наставници по германски јазик.
Ана Котевска и ️Марија Стефановска од Скопје се нашите претставнички на ИДО во Гетинген.
Им посакуваме среќа!