Покана за XVII. Конференција на наставници по германски јазик во Поградец, Албанија
Под мотото „Да се проговори: Дизајнирање на процесите на поучување и изучување на предметот германски како странски јазик во свет кој се менува“, во периодот од 13 до 14 Декември, во Поградец ќе се одржи 17 Конференција на наставници по германски јазик и книжевност, организирана од страна на Здружението на наставници по германски јазик на соседна Албанија.
Нашето Здружение има отворена покана за учество на овој инспиративен настан, кој отвора можност за меѓусебно поврзување, соработка и размена на искуства.
Колегите кои имаат желба да бидат дел од овој настан може да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/sDazuiibavEsaBST9
Рокот за доставување на апстракт е 1 Ноември, а детали за темите и останати информации ќе ги најдете во повикот во прилог.