© Goethe-Institut / Andreas Dahn

Јули 2024

Интернационална Олимпијада по германски јазик (IDO) 2024

Под мотото „Создавај знаења, креирај иднина“ оваа година од 15 до 22 Јули се одржа најголемиот натпревар по германски јазик на светско ниво.

Нашата натпреварувачка Ана Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка во Гимназијата “Јосип Броз - Тито” од Скопје (ментор Кристина Клиафа - Трпеска), во конкуренција на натпреварувачи од целиот свет, освои златен медал и тоа во највисоката јазична категорија - Б2 ниво.

Повеќе од стотина млади луѓе од околу 65 држави, годинава ги ‘одмерија силите’ во Гетинген, натпреварувајќи се во три јазични категории.

Оваа светската олимпијада се одржува секоја втора година, а е орагнизирана од страна на Гете-Институтот во соработка со Интернационалното Здружение на наставници по германски јазик.

Покрај Ана Котевска, наша претставничка во Гетинген беше и ученичката ️Марија Стефановска од Скопје (ментор Орнела Милевиќ).