Март 2024
Државната олимпијада по германски јазик 2024
На 16.03.2024 година во Гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, се одржа големото финале на Државната олимпијада по германски јазик на која свое учество зедоа 222 ученици од основните училишта и 100-тина ученици од средните училишта.Благодарност до сите натпреварувачи, кои со поддршката на своите ментори беа дел од настанот, на сите поддржувачи на Германската олимпијада и се разбира на домаќините за нивното гостопримство.
Оваа прилика ја користеме да изразиме срдечна благодарност и до Амбасадорката на С. Р. Германија Г-ѓата Петра Дрекслер, како и до Директорката на Гете-Институтот Скопје Г-ѓата Катрин Оствалд Рихтер. Нивното присуство на отворањето на Државниот натпревар го потенцира нашиот ангажман како наставници по германски јазик во промоцијата на германскиот јазик во нашата држава.