18Декември2017

Статут

  • PDF

Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија на состанокот на Собранието на одржан на ден 22.01.2013. го усвои и донесе следниот:

С Т А Т У Т

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

I.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Здружението на наставниците по германски јазик на Република Македонија (во понатамошен текст Здружение) е доброволно, независно, неполитичко, непартиско, недржавно и непрофитабилно здружение кое се занимава со настава, студирање и истражување на германски јазик и книжевност во функција на општеството и неговите потреби.

Во својата организација и работење се придржува на демократските принципи, го почитува Уставот и законите, политички и верски е неопределено и лојално на својата држава.

Здружението е самостоен субјект во поглед на остварување на своите цели, интерси и активности утврдени со овој Статут.

Член 2

Здружението на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија е основано на ден. 15.07.1998 год. со одлука за основање донесена и усвоена на основачкото собрание на Здружението .

Член 3

Членовите на Здружението своите цели и активности утврдени со овој статут ги остваруваат самостојно во согласност со Уставот на Република Македонија и важечките законски прописи.

Член 4

Во остварување на своите цели и активности членовите на Здружението непосредно или преку избрани органи соработуваат со другите сродни организации и здруженија.

Член 5

Работата на Здружението е јавна и секој негов член може да изврши увид во работењето.

II. ИМЕ И СЕДИШТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 6

Името на Здружението е: Здружение на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија.

Член 7

Седиштето на Здружението е : ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици – Скопје, Република Македонија.

Член 8

Здружението има свој печат и штембил. Печатот има округла форма со пречник од 32 мм и го содржи името само на македонски јазик напишано само со кирилично писмо: Здружение на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија – Скопје. Штембилот на Здружението има правоаголен облик со големина – 30 ММ со текст на името на Здружението и простор за запишување на бројот, датумот и местото. Начинот на употреба на печатот и штембилот на Здружението се регулира со посебна одлука на органите на Здружението .

III.ДЕЈНОСТ, ЦЕЛИ И СРЕДСТВА

Член 9

Цели и задачи на Здружението се:

Поттикнување соработка меѓу наставниците по германски јазик при што се потикнува нивно доусовршување во земјата и надвор од неа, се подобрува нивната квалификација и се популаризира статусот на гермаснкиот како странски јазик во земјата.

Член 10

Основни активности на Здружението се:

-        да ги застапува интересите на наставниците по германски јазик во Република Македонија,

-        да го поттикнува изучувањето на германскиот јазик, да се грижи за интересите на наставниците по германски јазик и книжевност,

-        да поттикнува контакти и соработка меѓу членовите на Здружението ,

-        да дава поддршка на наставниците по германски јазик во нивната професионална дејност,

-        да поттикнува стручно доусовршување на наставниците по германски јазик, да обезбедува размена на информации, искусва и материјали од наставата,

-        да организира семинари, собири, настани, манифестации, конгреси и сл.,

-        да поттикнува разрешување на проблемите кои се однесуваат на наставата по германски јазик во училиштата,

-        да ги брани стручните интереси на наставниците по германски јазик,

-        да организирање натпревари меѓу училишта,

-        да координира стручна и научна работа на членовите на Здружението ,

-        да организира соработка со стручни и научни,

-        да пружа помош на институции и работни луѓе кои се занимаваат со проблемите на германскиот јазик и книжевност како давање на стручни мислења и сугестии,

-        да организира соработка со организации од ист или сличен карактер во странство,

-        да иницира проекти, да издава списанија на Здружението и да информира за дејноста на Здружението ,

-        да популаризира стручни, научни и методско-педагошки достигнувања од областа на изучувањето на германскиот јазик и книжевност,

-        да учествува во разновидни подготовки кои се однесуваат на популаризација на германскиот јазик и подобрување на наставата по германски јазик,

-        да се грижи за вреднување на доброволната општествена активност на Здружението и за таа цел востановува разновидни признанија и сл.

Член 11

Целите заради кои членовите се здружиле во ова здружение ги остваруваат по пат на лично изјаснување на седниците на собранието или преку избрани членови во органите на Здружението . Во остварувањето на дејноста на Здружението донесуваат соодветно одлуки, решенија, заклучоци и препораки и заземаат ставови за склучување на соодветни договори и спогодби со кои се унапредува и усовршува дејноста на Здружението .

Член 12

Членовите на Здружението избрани во органите и телата на Здружението , задачите ги обавуваат без паричен надоместок.

Член 13

Членовите на Здружението во функција на подршка на активностите за остварување на дејноста на Здружението се должни да плаќаат чланарина и други надоместоци потребно за функционирање на истото.

Висината на членарината и останатите надоместоци се определуваат со одлука на претседателството на Здружението .

IV.ЗДРУЖУВАЊЕ И СОРАБОТКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 14

Здружението на наставниците на германски јазик и книжевност на Република Македонија го застапува и претставува Претседателот на Здружението , а во негово отсуство член на претседателството што ќе биде определен.

Член 15

Здружението самостојно одлучува за здружување со сојузи и други облици на здружување, со сродни здруженија и организации заради унапредување на активноста на дејноста на Здружението и остварување на целите заради кои е формирано.

Член 16

За соработка на Здружението усвоена е и формата на почесен член на Здружението , а се однесува на физички или правни лица на Република Македонија или од странство кои со своите посебни залагања допринеле за спроведување на интересот и целта на Здружението .

V.ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 17

Членувањето во Здружението е слободно и доброволно во согласност со Устав и закон.

Член на Здружението може да биде секој државјанин на Република Македонија кој ќе го прифати Статутот на Здружението .

Поблиски услови за прием на членови во Здружението донесува претседателството на Здружението .

Член на Здружението се станува со поднесување на потпишана пристапница за прием во членството и изјава за прифаќање на актите на Здружението .

Член 18

Членството во Здружението престанува со:

-      со потпишување на истапница и изјава на членот дека не сака повеќе да биде член на Здружението ;

-       со престанок на Здружението ;

-       исклучување на членот поради неплаќање на членарина подолго од шест месеци.

Член 19

Членството во Здружението не престанува ако членот привремено прекине да ја врши активноста, а редовно ја плаќа членарината.

Член 20

Сите членови на Здружението се рамноправни и имаат еднакви права и обврски во поглед на работата и остварувањето на целите на Здружението .

Член 21

Членот на Здружението ги има следните права:

-       да бира и да биде биран во органите на Здружението ;

-       да покренува иницијатива за подобрување и унапредување на дејноста на Здружението ;

-       да поднесува молби, жалби и приговори;

-       да бара и прима стручна и друга помош;

-       да ги остварува правата што се предвидени со статутот, правилниците и законот.

Член 22

Членот на Здружението ги има следните обврски:

-       да се придржува кон одредбите од статутот и другите акти на Здружението ;

-       да ги развива хуманите и другите односи меѓу членовите и другарски да укажува на слабостите и неправилностите;

-       внимателно да се однесува кон имотот на Здружението ;

-       редовно да ја плаќа членарината во Здружението , освен почесните членови.

-       да ги извршува и другите обврски и задолженија кои произлегуваат од законот, статутот и другите правилници, одлуки и заклучоци на органите на Здружението .

VI.ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 23

Членовите на Здружението своите права и обврски ги вршат непосредно или преку органите и телата на Здружението .

Член 24

Органи на Здружението се:

-        Собрание,

-        Претседателство

-        Надзорен одбор

Член 25

Собранието е највисок орган на управување на Здружението .

Собраниетона Здружението го сочинуваат сите негови членови.

Член 26

Собранието се свикува по потреба, а најмалку еднаш годишно. На годишното собрание на Здружението се поднесува извештај за работата во текот на годината, финансиски извештај, се донесуваат одлуки и правилници и се предлага програма за работа за наредниот период.

Член 27

Седниците на собранието ги свикува претседателството по своја иницијатива, по барање на најмалку една третина од членовите на Здружението или по барање на надзорниот орган. Поканата со дневниот ред и материјалите за годишно собрание се доставуваат до членовите најмалку три дена пред неговото одржување.

Член 28

Собранието на Здружението работи на седници. Седница на Собранието може да се одржи ако се присутни мнозинство од членовите на претседателството и најмалку единаесет члена од Здружението.

Одлуките на Собранието се донесуваат со мнозинство на гласови од присутните членови на собранието, а одлуките со кои се отуѓува имотот на Здружението или се одлучува за престанок на Здружението со две третини мнозинство од членовите на Здружението .

Член 29

Права и обврски на Здружението :

Собранието на Здружението ги врши следниве работи:

-       донесува статут и врши негови измени и дополнувања;

-       донесува деловник за работа;

-       донесува финансиски план и усвојува завршна сметка;

-       донесува планови за развој на Здружението ;

-       ги избира претседателот,членовите на претседателството и членовите на надзорниот одбор;

-       го усвојува извештајот за работата на претседателството и другите органи на Здружението ;

-       ја поттикнува научно-издавачката дејност во оваа сфера;

-       ја потпомага издавачката и публистичката дејност;

-       одлучува за престанокот на Здружението со двотретинско мнозинство,

-       одлучува и за други прашања кои не се во надлежност на другите тела на Здружението и

-       врши други работи предвидени со закон, статутот и другите акти на Здружението ;

VII. ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Член 30

Претседателството е колективен извршно оперативен орган на Здружението и за својата работа одговара пред Собрнието. Претседателот се избира од редот на членовите на Собранието. Претседателството се состои од седум члена. Членови на претседателството се: претседател, потпретѕседател, секретар и четири членови. Мандатот на членовите на претседателството трае четири години сметано од денот на изборот.

Член 31

Претседателство на Здружението ги врши следните работи:

-       ја организира и координира работата на Здружението ;

-       се грижи за спроведување на сите одлуки, заклучоци;

-       ги подготвува материјалите за седниците на собранието;

-       поднесува извештај за својата работа;

-       одлучува по жалби, молби и приговори на членовите на Здружението ;

-       донесува годишна програма за работа;

-       избира кандидати за претседател, потпретседател и сектор на претседателство;

-       одлучува за формирање на комисии и работни тела на претседателството и ги избира членовите на комисиите и телата;

-       ангажира стручни соработници за вршење на определени работи за потребите на Здружението ;

-       именува членови на издавачкиот совет, редакцијата и рецензијата како и комисија за изданието на Здружението ;

-       одлучува за користење на финансиски средства;

-       предлага финансиски план;

-       констатира прием на нови членови и престанок на членство,

-       врши и други работи за потребите на Здружението утврдени со статутот, другите општи акти и законски прописи;

-       изработува предлог за измена на статутот и го доставува до сите 30 дена пред да биде свикано Собранието.

Член 32

Претседателството работи на седници. Седниците се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш годишно. Седниците на претседателството ги свикува и со нив раководи претседателот, а во негово отсуство потпретседателот на претседателството.

Седниците на претседателството се одржуваат ако се присутни повеќе од половина од членовите на претседателтсвото, најмалку четири члена. Одлуки се донесуваат со повеќе од половина од членовите на претседателството, најмалку четири гласа. Претседателот од членовите на претседателството избира потпретседател и секретар на претседателството со мандат од четири години сметано од денот на изборот.

Член 33

Одговорност на претседателството:

Претседателството презема мерки за општествено и економски целесообразноползување на средствата и за спречување на негативните појави во располагање на средствата. Претседателството одговара за законитоста на работата во врска со ползување и располагање на средствата на Здружението .

Претседателството за својата работа одговара пред Собранието на Здружението .

Член 34

Должности на претседателот се:

-       застапување на Здружението пред сите надлежни органи во градот и Републиката;

-       во име на Здружението ги потпишува сите акти на Здружението , финансиските документи, договорите со ангажираните стручни надворешни соработници;

-       спроведување на програмската активност на Здружението ;

-       координирање со работата на претседателот;

-       одржување контакти со здруженија и организации во земјата и странство, што се од интерес на Здружението .

Член 35

Претседателот се бира од членовите во собранието, а него го избира собранието на Здружението со мандат од четири години.

Член 36

Претседателот за својата работа одговара во согласност со Уставот и законите.

Член 37

Потпретседателот го заменува претседателот кога тој е отсутен и ги врши оние работи што ќе му ги довери претседателот.

Член 38

Секретарот на претседателството се грижи за подготвување на материјали за седниците на претседателството и ја координира работата на седниците и врши други работи кои ќе му ги довери претседателството.

Претседателството води регистар на членови и евиденција на членовите на Органите. Пoдатоците се ажурираат најмалку еднаш на две години.

VIII.НАДЗОРЕН ОДБОР

Член 39

Надзорниот одбор е орган на собранието на Здружението . Надзорниот одбор се состои од три члена со мандат од две години.

Членовите на Надзорниот одбор меѓу себе избират претседател и се состануваат еднаш годишно.

Надзорниот одбор врши надзор над спроведувањето на одлуките на Собранието и финансиско-материјално работење на претседателството и за тоа дава извештај на редовното собрание.

Надзорниот одбор при утврдени неправилности може да свика вонредно собрание.

Член 40

Надзорниот одбор овозможува увид во користењето на средствата пред членовите на Здружението .

Член 41

Членовите на Надзорниот одбор имаат право да присуствуваат на седниците на претседателството.

Член 42

Надзорниот одбор одговара за својата работа во согласност со позитивните законски прописи пред Собранието на Здружението .

IX. МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Член 43

Заради остварување на целите и задачите на Здружението , Здружението има сопствени парични средства кои се водат на сопствената жиро сметка и други основни средства. Здружението средствата ги стекнува од членарина, придонеси, подароци, донација од надворешни и внатрешни физички и правни лица, додаток од Министерство за образование на Република Македонија.

Доколку оствари добивка во своето работење Здружението согласно чл.48 од Законот за здруженија и фондации истите ќе ги употреби за тековно работење на Здружението и во остварување на неговите цели и задачи.

Член 44

Висината на членарината како и висината на другите обврски за определена намена со своја одлука ги определува претседателството во зависност од финансиските обврски на Здружението .

Член 45

Здружението има жиро сметка и сите плаќања се вршат вирмански, а само по исклучок во готово и тоа до износот на законскиот максимум.

Средствата се употребуваат во специфични цели, задачи и активности во согласност со овој статут и со општите акти на Здружението и согласно условите и ограничувањата на донаторите.

            Вишокот од приходите и расходите (добивката) остварен од Здружението не смее да биде дистрибуиран како таков на ниедно лице, туку мора да биде употребен исклучиво за остварување на целите, задачите и активностоте на Здружението .

Член 46

Членарината и другите давачки одредени со одлука на претседателството се задолжителни за сите членови и нивното неплаќање на членарината значи потешка повреда на обврските бидејќи со нередовно плаќање на членарината се оневозможува нормално функционирање на Здружението .

Потписник на жиро сметката е лице определено со одлука на претседателството.

Член 47

Финансиската година се совпаѓа со календарската година.

            Висината и начинот на распределбата на средствата на Здружението се утврдуваат секоја година со финансиски план, а врз основа на годишниот план на работа.

            Финансискиот план го предлага Претседателството на Здружението .

            Финансискиот план за секоја година се донесува на претходната календарска година за следната година.

Финансискиот извештај го поднесува до Собранието, Претседателството на Здружението .            

            Претседателството управува со финасиските средства на Здружението согласно позитивните законски прописи заради остварување на целите и задачите на Здружението преку урамнотежениот баланс на приходите и расходите .

            Финансиските акти ги потпишува претседателот на Здружението .

Член 48

Здружението започнува со вршење на своите активности во согласност со законот откако ќе се запише во надлежниот регистер.

X.ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 49

Јавноста во работата во органите на Здружението претставува битен услов за развој и унапредување на дејноста на Здружението . Органите на Здружението се должни во согласност со законот и овој статут на соодветен начин да ги известуваат членовите на Здружението за донесените одлуки.

XI.СТРУЧНИ СЛУЖБИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 50

За вршење на административни, финансиски, правни, уреднички и други работи собранието одлучува дали ќе формира стручна служба или ќе го овласти претседателството за тоа да ангажира повремени надворешни стручни соработници. За ангажирање на надворешните соработници претседателот склучува посебни договори, а во случај на формирање на посебни служби се склучува посебен договор за обезбедување на средства за плаќање на надворешните соработници.

XII.ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 51

Здружението престанува да работи:

Со одлука за престанок на Здружението донесена од Собранието кога за тоа ќе настанат следните услови:

-       донесена е одлука за престанок на постоење во согласност со статутот,

-       поминато е двојно повеќе време од времето предвидено за одржување на седница на највисокиот орган утврден со статутот, а таа не е одржана,

-       во две последователни години не е поднесена завршна сметка во согласност со закон,

-       статусна измена која предвидува престанок на постоењето,

-       донесена е одлука на надлежен суд,

-       стечај и

-       спроведена ликвидација

Организацијата може да престане и ако бројот на членовите на организацијата се намали под бројот определен за основање.

Член 52

За престанок на работата на Здружението членовите одлучуваат на седници на собранието ако се присутни најмалку две третини од членовите и ако за престанок на Здружението се изјаснат најмалку две третини од вкупниот број на членовите на Здружението .

Претседателот на Здружението е должен за одлуката за престанок на работа на Здружението да го извести Основниот суд во рок од 15 дена од нејзиното донесување.

Постапката за престанок на организацијата пред надлежниот суд се води според одредбите на Законот за парничната постапка.

За престанокот на организацијата судот по службена должност го известува Регистарот.

Член 53

Во случај на престанок на работа на Здружението по било кој основ средствата кои ќе останат по надминување на обврските се пренесуваат на Заводот за згрижување на децата и младинци.

XII.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 54

Овој статут влегува во сила со денот на неговото усвојување од собранието на Здружението .

Член 55

Измени и дополнување на овој статут се вршат во постапка предвидена за негово усвојување.

Иницијатива за измени и дополнување на статутот може да покренат претседателството на Здружението и една третина (1/3) од членовите на Здружението .

За покренување на иницијативата одлучува претседателството и доколку е оправдана ќе подготви предлог за измени и дополнувања на статутот на Здружението .

Член 56

Толкување на одредбите на овој статут дава собранието на Здружението на своја седница.

Скопје, 07.02.2013             

Претседател на Здружението на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија

Гордана Бабоска

__________________________

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de