Декември 2024
Предновогодишен базар на учениците- љубители на германскиот јазик и култура, и наставниците по германски јазик во Македонија.
Во пресрет на најубавиот и највеселиот период во годината - Новата година и Божиќ, Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија успешно ја реализираше идејата за одржување на Предновогодишен одн. Божиќен базар, кој имаше за цел да ја долови празничната атмосфера од новогодишните базари на германските метрополи, промовирајќи ја на тој начин автентично традицијата и културата на германскиот народ.
Така во вторникот на 10 Декември 2024, плоштадот пред споменикот на Св. Климент Охридски во Охрид беше претесен да ги собере сите возбудени минувачи, кои уживаа во уникатната можност да ги погледнат прекрасните рачно изработени новогодишни украси, но и пробаат од вкусната храна на учениците од дванаесетте охридски основни и средни училишта, кои на своите штандови ја покажаа својата умешност.
Базарот имаше изложебен карактер, а целата изложена храна и украси се подруваше од дете на дете. За посетителите беше подготвена и пригодна приредба на која беа презентирани традиционални германски Божиќни песни и ритмички изведби.
Овој настан беше реализиран благодарение на поддршката родителите на охридските ученици и од нашите партнери: Општина Охрид и Градоначалникот Г-динот Кирил Пецаков, Гете-Институтот Скопје, ЛТХ Леарница ДООЕЛ и КОСТАЛ од Охрид, како и Црвен Крст на Охрид.
Уживајте во фотографиите и нека магијата продолжи!