caro 2 img

Олимпијада по германски јазик 2025

Драги љубители на германскиот јазик,

Со задоволство ве информираме дека годинава над 650 ученици од основните и средните училишта учествуваа на регионалниот натпревар по германски јазик, што се одржа на 13.03. 2025 одн. на 14.03.2025. Околу 300 ученици успеаа да се пласираат во големото финале на овогодишната национална Олимпијада по германски јазик, која за учениците од основните училишта се одржа во Охрид, а за учениците од средните училишта во Струмица.

Здружението на наставници по германски јазик им честита од срце на сите наградени ученици, а воедно изразува и искрена благодарност до колегите – менторите кои несебично ги поддржуваа своите ученици на патот до успехот.

Голема благодарност и до нашите верни партнери, без чија поддршка не би биле во можност да организираме вакви настани:

  • Гете-институт Скопје – за фантастичните награди и подарците за првопласираните ученици!
  • Издавачка куќа Арс Ламина и ⚙️ MAGNA – за силната поддршка!
  • Училиштата домаќини на натпреварите за топлото гостопримство!
  • Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука – за вредната соработка и поддршка!

Голема пофалба до тимовите на МКДВ (Комисиите за натпревари за ОО и СО), кои неуморно работеа на подготовка и организацијата на двата национални настани!

Резултатите се објавени на нашата веб-страница, сертификатите се испратени – се гледаме следната година!