Септември 2024
26 Септември - Европски ден на јазиците
Под мотото „Ги славиме јазиците, градиме мостови!“ Здружението на наставници по германски јазик и книжевност го одбележа 26 Септември – Европскиот ден на јазиците.
Ученици од повеќе од 30 основни и средни училишта ширум Македонија активно се вклучија во реализацијата на предвидените активности кои имаа една и единствена цел: низ игра и забава да ја промовираат јазичната шареноликост и употребата на јазикот како средство за меѓусебна толеранција.
Погледнете дел од атмосферата прикажана низ слики на нашата веб страна, како и на нашата фанстрана на Facebook