За нас

Здружението на наставниците по германски јазик на Република Македонија е доброволно, неполитичко непартиско недржавно и непрофитабилно здружение на граѓаните на Република Македонија, кои се занимаваат со настава, студирање и истражување на германски јазик и книжевност во функција на општеството и неговите потреби.

Во својата организација и работење се придава да демократските принципи,го почитува уставот и законите, политички и верски е неопределено и лојално на својата држава.

Здружението на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија е основано на ден. 15.07.1998 год. Со одлука за основање на донесена и усвоена на основачкото собрание и здружението.

Членовите на здружението своите цели и активности ги остваруваат самостојно во согласност со уставот на република Македонија и важечките законски прописи.