28Април2024

ЗА НАС Цели на здружението

Цели на здружението

  • PDF

Целите на здружението на наставници по германски јазик се да организира здружувања на сите работни луге кои се занимаваат со проблемите од областа на германскиот јазик, и да допринесува за нивно понатамошно усовршување во областа на германскиот јазик и книжевноста.

Во нашите програми се планирани секогаш средби со наставниците по германски јазик од Р.Макдонија за подобрување на наставата по германски јазик, организирање на семинари во Македонија и во Германија па и пошироко во другите земји каде се изучува германскиот јазик. Исто така организира посета на изложби, концерти и литературни читања како и детски фестивали на германски јазик.

Посебен и главен соработник на нашето здружение е Гете Инситут-Скопје кој се грижи за посредништвото  најазикот во нашата земја и пошироко. Гете инситутот соработува со речиси 90 Здруженија во 65 држави во целиот свет.


Соработката опфака: Изведување на национални конгреси на наставници, изработка нанаставни материјали и курикулуми, соработка при училишни испити и семинари за усповршување. Наставниците по германски кои се организирани во здружението се покажаа како одлични мултипликатори во областа на германски како странски јазик, пришто работат како претставници на својата бранша и како стручни консултанти на министерството за образование.

Колку повеке јазици зборуваш толку побогат си....

Цели и задачи на Здружението се:

-       да организира здружение на сите работни луѓе кои се занимаваат со проблемите од областа на германскиот јазик и да придонесува за нивно понатамошно усовршување во областа на германскиот јазик и книжевноста;

-       да координира стручна и научна работа на членовите на Здружението;

-       да организира соработка со стручни и научни институции (завод, институти, школи, факултети, универзитети) за заедничко решавање на проблемите сврзани со практичната примена на достигнувањата во областа на германскиот јазик и книжевност;

-       да пружа помош на институции и работни луѓе кои се занимаваат со проблемите на германскиот јазик и книжевност како давање на стручни мислења и сугестии;

-       да организира соработка со организации од ист или сличен карактер во странство;

-       да иницира проекти;

-       да организира стручна и научна соработка,собир и семинари;

-       да пружа непосредна стручна и научна помош на наставниците по германски јазик;

-       да помага во издавањето на Билтенот на Здружението и да информира за дејноста на Здружението;

-       да популаризира стручни, научни и методско-педагошки достигнувања од областа на изучувањето на германскиот јазик и книжевност;

-       да развива интерес кај учениците и студентите по германски јазик и книжевност и кај другите ученици и студенти на училиштата и универзитетите во Република Македонија;

-       да се грижи за омасовување на организацијата, развивање на внатрешни демократски односи и влијание на членството врз работата на органите на телата на Здружението;

-       да учествува во разновидни подготовки кои се однесуваат на популаризација на германскиот јазик и подобрување на наставата по германски јазик и да се грижи за интересите на наставниците по германски јазик и книжевност;

-       да се грижи за вреднување на доброволната општествена активност на Здружението и за таа цел востановува разновидни признанија.

{jathumbnail off}

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de