15Април2024

НАТПРЕВАРУВАЊА Резултати НАТПРЕВАР ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 2023

НАТПРЕВАР ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 2023

  • PDF

Почитувани колешки и колеги,

со задоволство ве информираме дека Регионалниот натпревар за учениците од основните училишта ќе се одржи на 12.04.2023 (среда). Во прилог ги објавуваме училиштата - домаќини на четирите регионални натпревари:

Источен регион ООУ ,,Сандо Масев” во Струмица, одговорен наставник Рози Мафкова

Централен - Пелагониски регион ООУ ,,Коле Канински” во Битола, одговорни наставнички Марина Атанасовска и Елена Ј. Петков

Западен регион ООУ ,,Св. Климент Охридски" во Охрид, одговорен наставник Ивана Арнаудова

Скопје и Скопски Регион ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу” во Кисела Вода, одговорен наставник Гордана Димитров.

Учениците од и одделение годинава ќе се натпреваруваат во сите четири вештини – читање и слушање со разбирање, пишување и зборување. За и одделение форматот на тестовите останува ист како и порано.

Право на учество имаат ученици од сите основни училишта во Македонија, чии наставници се легитимни членови на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност, организатор на овој натпревар.

Пријавувањето е веќе во тек, а истото можете да го направите со пополнување на формуларот во прилог, во кој воедно се наведени и пропозициите за учество на самиот натпревар !

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdFg4yRYI8y3QgEY4swC9gUIYMnJmcwEMLbABCLjeN8yNYUZA/viewform?fbclid=IwAR2GaXdNYJpZZ5Faitvqxm8rF4M_JUPNReNACh3VblDyu-BLZf5JxkV82dM

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de