06Април2020

НАТПРЕВАРУВАЊА Резултати Интернационална олимпијада

Интернационална олимпијада

  • PDF

Интернационалната германска олимпијада е меѓународен натпревар во Германија, кој се одржува секои две години и на кој учениците ги покажуваат своите познавања  на германскиот јазик на три нивоа (A2,B2 и C2). Учениците, кои се победници на државниот натпревар, и потоа ја претставуваат својата земја на Интернационалната олимпијада по германски јазик во Германија.

Таму, најдобрите ученици од секоја држава се натпреваруваат за едно од првите три места во светот во три категории. Во натпреварот не се земаат предвид само јазичните туку и интелектуалните компентенции и способности неопходни за учество во меѓународните тимови.

Меѓународното жири ќе ги оцени индивидуалниот резултат како и резултатот на тимот. Во рамките на натпреварот на учесниците им е понудена социјалната програма со цел да се запознаат подобро со културата на Германија, а посебно на Франкфурт и  неговите локалните карактеристики.

Со свеченото отворање и затворање на натпреварот јасно се потенцира  Олимписката идеја за мирен соживот, фер соработка и богатство од различни култури во светот.

 

{jathumbnail off}

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de