06Април2020

НАТПРЕВАРУВАЊА Резултати 44-та Олимпијада по германски јазик

44-та Олимпијада по германски јазик

  • PDF

До училиштата каде се изучува германски јазик веќе се испратени поканите за регионалниот натпревар по германски јазик во рамките на 44та Олимпијада.

Натпреварот кој се организира за основните и средните училишта ќе се одржи на 10.03.2012 година со почеток во 10.00 часот во 4 града и тоа Гостивар, Прилеп, Пробиштип и Скопје.

Право на учество имаат ученици кои:

  • посетуваат осмо одделение односно втора година
  • немаат родител кој е мајчин говорител на германски јазик
  • немале постојан престој во земјите од германско јазично подрачје повеќе од шест месеци

Секое училиште може да пријави најмногу двајца ученици.
Пријавувањето го врши училиштето по предлог на професорот по германски јазик, наведувајќи ги следните податоци:

  • име и место на училиштето
  • име на учениците – учесници на натпреварот
  • име, е-меил и контакт телефон на наставникот по германски јазик

Учениците треба да бидат пријавени во писмена форма најдоцна до 29.02.2012 год на е-меил: dlvmak@yahoo.de.

Напомена: Сите пристигнати пријави по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

{jathumbnail off}

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de