ПОКАНА ЗА ОЛИМПИЈАДА ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК 2017

g
Почитувани колешки и колеги,

Ве известуваме дека на 04.03.2016 год. со почеток во 10.00 часот ќе се одржи регионален натпревар по германски јазик за учениците од деветто одделение од основните училишта и за учениците од втора година од средните училишта.


Почнувајќи од оваа година, учениците од средните училишта ќе се тестираат во две категории:

  1. Категорија: ученици што го изучуваат јазикот со неделен фонд од 2 часа
  2. Категорија: ученици што го изучуваат јазикот со неделен фонд поголем од 2 часа.

Информациите во врска со местото/училиштето вое кое ќе се одржат регионалните натпревари ќе се објават во текот на февруари.

Право на учество имаат ученици кои:

Секое училиште може да пријави најмногу двајца ученици. Ги охрабруваме средните училишта во кои јазикот се изучува во паралелки со фонд од два часа неделни и со фонд поголем од два часа неделно да пријават по двајца ученици од двете паралелки.

Пријавувањето го врши училиштето по предлог на наставникот по германски јазик, со наведување на следниве податоци:

Име и презиме на ученикот

 

Паралелка

 

Училиште

 

Општина

 

Регион

 

Наставник ментор

 

Електронска пошта на наставникот

 

Телефонски број на наставникот

 

Електронска поштана училиштето

 

Категорија

- основно училиште

- средно училиште (со 2 часа неделен фонд)

- средно училиште (со фонд поголем од 2 часа)

Учениците треба да бидат пријавенинајдоцна до 20.02.2017 год на електронска пошта:dlvmak@yahoo.de.

Напомена: Пријавите што ќе пристигнат по наведениот рок нема да се земаат предвид.

Со колегијален поздрав,

проф. д-р Емина Авдиќ

Претседател на Здружението по германски јазик и книжевност на Република Македонија