Покана

germ

Почитувани колешки и колеги,

Ве известуваме дека на 27.02.2016 год. со почеток во 10.00 часот ќе се одржи регионален натпревар по германски јазик за учениците од деветто одделение од основните училишта и за учениците од втора година од средните училишта.

Регионалниот натпревар ќе се одржи во следниве училишта:

ОУ „Коле Неделковски“ – Скопје
ул. „Антоние Грубишиќ“ бр.8

ОУ „Ванчо Китанов“ -  Пехчево
ул „Даме Груев“ бр. 1

ОУ „Коле Канински“ Битола

ул. „Бранко Радичевиќ"  бб

ОУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар

ул. „Ленинградска“ б.б.

Право на учество имаат ученици кои:

Секое училиште може да пријави најмногу двајца ученици.

Пријавувањето го врши училиштето по предлог на наставникот по германски јазик, наведувајќи ги следниве податоци:

Име и презиме на ученикот

 

Паралелка

 

Училиште

 

Општина

 

Регион

 

Наставник ментор

 

Електронска пошта на наставникот

 

Телефонски број на наставникот

 

Електронска поштана училиштето

 

Категорија

ð основно училиште

ð средно училиште

ð средно училиште (ЗФА паралелки)

Учениците треба да бидат пријавени најдоцна до 15.02.2016 год на електронска пошта: dlvmak@yahoo.de.

Напомена: Пријавите што ќе пристигнат по наведениот рок нема да се земаат предвид.

Со колегијален поздрав,

проф. д-р Емина Авдиќ

Претседател на Здружението по германски јазик и книжевност на Република Македонија

{JAThumbnail off}