18Декември2017

Покана

  • PDF

germ

Почитувани колешки и колеги,

Ве известуваме дека на 27.02.2016 год. со почеток во 10.00 часот ќе се одржи регионален натпревар по германски јазик за учениците од деветто одделение од основните училишта и за учениците од втора година од средните училишта.

Регионалниот натпревар ќе се одржи во следниве училишта:

ОУ „Коле Неделковски“ – Скопје
ул. „Антоние Грубишиќ“ бр.8

ОУ „Ванчо Китанов“ -  Пехчево
ул „Даме Груев“ бр. 1

ОУ „Коле Канински“ Битола

ул. „Бранко Радичевиќ"  бб

ОУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар

ул. „Ленинградска“ б.б.

Право на учество имаат ученици кои:

  • посетуваат деветто одделение во основно училиште односно втора година во средно училиште
  • немаат родител чиј мајчин јазик е германскиот јазик
  • немале постојан престој во земјите од германско јазично подрачје подолг од шест месеци

Секое училиште може да пријави најмногу двајца ученици.

Пријавувањето го врши училиштето по предлог на наставникот по германски јазик, наведувајќи ги следниве податоци:

Име и презиме на ученикот

 

Паралелка

 

Училиште

 

Општина

 

Регион

 

Наставник ментор

 

Електронска пошта на наставникот

 

Телефонски број на наставникот

 

Електронска поштана училиштето

 

Категорија

ð основно училиште

ð средно училиште

ð средно училиште (ЗФА паралелки)

Учениците треба да бидат пријавени најдоцна до 15.02.2016 год на електронска пошта: dlvmak@yahoo.de.

Напомена: Пријавите што ќе пристигнат по наведениот рок нема да се земаат предвид.

Со колегијален поздрав,

проф. д-р Емина Авдиќ

Претседател на Здружението по германски јазик и книжевност на Република Македонија

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de