18Декември2017

ГЕРМАНСКА ОЛИМПИЈАДА Вештините и нивното бодување

Вештините и нивното бодување на знаењата на учениците во рамките на натпреварот по германски јазик

  • PDF

Тестот за натпреварот по германски јазик се состои од писмен и устен дел. Преку нив се тестираат сите 4 јазични вештини.

Секоја вештина носи максимум 25 поени. За секоја вештините од писмениот дел на натпреварот се предвидени најмногу 30 минути, а за вештината Зборување се предвидени 15 миинути по ученик.

Најпрво се полага писмениот дел од испитот. Откако ќе се сумираат резултатите од вештините Читање, Слушање и Пишување се одредува  најдобрата третина од вкупниот број пријавени ученици во групата, која продолжува на усниот дел од испитот оди

Писмениот дел ги опфаќа следните јазични вештини:

  • Читање
  • Пишување
  • Слушање

Јазичните вештини Читање и Слушање ќе се тестираат преку прашања од затворен тип.
Јазичната вештина Пишување ќе се тестира преку пишување на состав. Вреднувањето се одвива според однспред утврдени критериуми во кои се оценува содржината, структурата, граматика, вокабулар и правопис.

Усниот дел ја опфаќа вештината Зборување.
Јазичната вештина се вреднува според способноста за усна интеракција и продукција. Вреднувањето се одвива според однспред утврдени критериуми во кои се оценува граматиката, фондот на зборови, изговорот, течноста во говорењето и интеракцијата.

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de