Тек на натпреварот

  • PDF

Регионалниoт натпревар по германски јазик во рамките на 45-та Олимпијада ќе се одржи на 02.03.2013 год со почеток во 10.00 часот на четири локации во Р.Македонија.

Училишта во кои ќе се одржи регионалниот натпревар се:

ОУ „Коле Неделковски“ – Скопје

ул. „Антоние Грубишиќ“ бр.8

ОУ „Гоце Делчев“ -  Виница

ул „Љупчо Сантов“ бб

СОУ Гиманзија „Мирче Ацев“ - Прилеп

ул. „Ѓорче Петров"  бр. 96А

ОУ „Исмаил Ќемали“ Гостивар

ул. „Ленинградска“ б.б.

Жири комисијата го врши надозот. Таа води грижа, натпреварот да помине во најдобар можен ред. За време на решавање на задачите, комисијата не треба има контакт со учениците, ниту учениците меѓу себе. Најстрого е забрането комисијата да им помага на учениците.

Пликата со материјалите за натпреварот се отвораат на денот на испитот, кога ќе се соберат сите члеонови на комисијата.

Најпрво им се објаснува на учениците, дека треба да си замислат шифра, вообишаено еден збор, кој ќе го користат во текот на натпреварот и истиот ќе го користат за одделните делови на натпреварот. Идентитетот на учениците не смее да биде откриен се до самиот крај на натпреварот.

Тек на натпреварот:

10.00 – 10.30 Читање

На учениците им се делат задачите, им се даваат упатства за решавање.

10.30-10.40 пауза

10.40- 11.00 Слушање

На учениците им се делат задачите. Им  се дава упатство за решавање на задачите и им се остава време да ги прочитат прашањата. Потоа се пушта текстот прв пат да го слушнат. Учениците ги решаваат задачите. Се пушта тетсот вторпат и повторно им се остава на учениците време за решавање на задачата.

Забелешка: доколку се појават проблеми од техничка природа, комисијата го чита текстот.

11.00 – 11.10 Пауза

11.10 – 11.40 Пишување

На учениците им се делат задачите и им се дава упатство за задачата.

11.40 – 12.30 ручек пауза

Додека учениците имаат време за учинка и напиток, комисијата ги прегледува задачите. Бодовите по одделните вештини се внесуваат на листот за поени според шифрата на ученикот. Комисјата ги истакнува резултатите и кажува кои ученици (најдобрата третина) одат на усно.

На крајот на паузата, комисијата ги сумира резултатите од првите 3 дела и според правилото најдобрата третина од вкупниот број пријавени ученици во групата одредува колку ученици ќе продолжат да се тестираат усно.

12.30 Зборување

За секој ученик е предвидено 10 мин време. Комисијата води усна коуникација со него на две теми.

Идентитетот на учениците се запишува на крај, откако сите ученици ќе добијат поени за усниот дел.

Бројот на ученици кои ќе се натпреваруваат на државниот натпревар се одредува според следниов клуч:

{jathumbnail off}

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de