Олимпијада 2020

logo malo

Почитувани колешки и колеги,

од 1 до 15 февруари е рокот за пријавување на учесниците на германската јазична олимпијада. Колегите наставници/ чки и професори/ ки ќе ги пријават своите кандидати кои што ги имаат избрано за учество на годинешново натпреварување. Заради педантна и ажурна организација по 15 февруари нема да можат да се пријават повеќе други ученици. Ве молиме имајте го ова на ум.

   Како и до сега пријавувањето ќе се извршува преку меилови кај регионалните лидери. Годинава забележуваме растење и зголемување на нашиот тим, и секој регион ќе биде претставен од две вакви лидерки.

Скопскиот и североисточниот дел (тука спаѓаат и Велес и Куманово) ќе биде претставен од колешките:

Орнела Милевиќ, ќе пријавува ученици од ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

ornela.mkdv@gmail.com

Емилија В. Спасов,  од СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА.

emilija.mkdv@yahoo.com

Централниот и Пелагониски дел од колешките :

Елена Келтаноска Лашкоска  ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

elena.mkdv@yahoo.com

Нина Илиќ  СРЕДНИ УЧИЛИШТА

nina.mkdv@yahoo.com

Источниот од :

Васка Пандова ОСНОВНИ УЧИЛИШТA

vaskaana@yahoo.com

Марица Рунтева СРЕДНИ УЧИЛИШТА

marica.runteva@yahoo.de

Западниот од :

Радмила Толеска ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

radmila.mkdv@yahoo.com

Аријета Селими СРЕДНИ УЧИЛИШТА

arijetaselimi@yahoo.com

Нашиот член Бојана Цветаноска ќе ви пишува за сите нејасни работи и прашања. За било какви нејаснотии обратете и се на меилот.

b_cvetanoska@hotmail.com

НОВО !!

ВАЖНО !! ВАЖНО !! ВАЖНО !!

        Сите ученици од 8мо и 1ва средно кои ќе бидат пријавени за ИДО ќе се натпреваруваат со постарите соученици од 9то и 2ра година средно и ќе ги имаат нивните тестови. Штом се натпреваруваат со постарите ученици, 8мо одделенците и 1ва година средно, автоматски не се натпреваруваат во нивните вистински одделенија.ИДО не е задолжително. Учениците, наставниците и родителите одлучуваат за тоа во која категорија ќе се натпреварува ученикот.

Она што наставниците треба да го сторат при пријавувањето е кај својот кандидат во делот КАТЕГОРИЈА на табелата за пријавување да допишат ИДО. Значи, како и до сега, во делот КАТЕГОРИЈА, пишувате дали детето учи од прво одделение германски за основни училишта ( од 1во), или е во специјална паралелка во средно училиште (специјална), и само кај 8мо одделение и 1ва година средно додавате ИДО доколку кандидатот го пријавувате за ИДО награда.

Име и презиме на ученикот

Паралелка

Училиште

Општина

Регион

Ментор

Еmail на наставникот

Телефон на наставникот

Категорија

Пример Примеровски

8

X

X

X

X

X

X

                         8 одд (ИДО)

Или    8 одд од прво одделение (ИДО

Emri dhe mbiemri i nxënësit

Paralelja

Shkolla

Komuna

Regjioni

Mentor

E-mail i mësimdhënësit

Telefoni i mësimdhënësit

Kategoria

                 

Информациите околу училиштата на одржување, како и повеќе околу наградите, ќе објавиме додатно.

Со почит