Статут

  • PDF

Врз основа на член 10 од Законот за здруженија и фондација на граѓани и фондации         (Службен весник на РМ бр. 31/98) Здружението на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија на своето основачко Собрание одржано на ден 15.07.1998 год.усвои и донесе

С Т А Т У Т

НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

I.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Здружението на наставниците по германски јазик на Република Македонија (во понатамошен текст Здружение) е доброволно, неполитичко непартиско и недржавно и непрофитабилно здружение на граѓаните на Република Македонија, кои се занимаваат со настава, студирање и истражување на германски јазик и книжевност во функција на општеството и неговите потреби.

Во својата организација и работење се придава да демократските принципи,го почитува уставот и законите, политички и верски е неопределено и лојално на својата држава.

Член 2

Здружението на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија е основано на ден. 15.07.1998 год. Со одлука за основање на донесена и усвоена на основачкото собрание и здружението.

Член 3

Членовите на здружението своите цели и активности утврдени со овој статут ги остваруваат самостојно во согласност со уставот на република Македонија и важечките законски прописи.

Член 4

Во остварување на своите цели и активности членовите на здружението непосредно или преку избрани органи соработуваат со другите сродни организации и здруженија.

Член 5

Работата на здруженијата е јавна.

II.НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 6

Називот на здружението е: Здружение на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија.

Член 7

Седиштето на граѓанското здружение е : ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици – Скопје,РМ

 

Член 8

Здружението има свој печат и штембил. Печатот има округла форма со пречник од 32 мм и го содржи името само на македонски јазик напишано само со кирилично писмо: Здружение на наставниците по германски јазик и книжевност на Република Македонија – Скопје.Штембилот на здружението има правоаголен облик со големина – 30 ММ со текст на името на здружението и простор за запишување на бројот,датумот и местото. Начинот на употреба на печатот и штембилот на здружениетосе регулира со посебна одлука на органите на здружението.

III. ДЕЈНОСТ, ЦЕЛИ И СРЕДСТВА

Цели и задачи на Здружението се:

-       да организира здружение на сите работни луѓе кои се занимаваат со проблемите од областа на германскиот јазик и да придонесува за нивно понатамошно усовршување во областа на германскиот јазик и книжевноста;

-       да координира стручна и научна работа на членовите на Здружението;

-       да организира соработка со стручни и научни институции (завод, институти, школи, факултети, универзитети) за заедничко решавање на проблемите сврзани со практичната примена на достигнувањата во областа на германскиот јазик и книжевност;

-       да пружа помош на институции и работни луѓе кои се занимаваат со проблемите на германскиот јазик и книжевност како давање на стручни мислења и сугестии;

-       да организира соработка со организации од ист или сличен карактер во странство;

-       да иницира проекти;

-       да организира стручна и научна соработка,собир и семинари;

-       да пружа непосредна стручна и научна помош на наставниците по германски јазик;

-       да помага во издавањето на Билтенот на Здружението и да информира за дејноста на Здружението;

-       да популаризира стручни, научни и методско-педагошки достигнувања од областа на изучувањето на германскиот јазик и книжевност;

-       да развива интерес кај учениците и студентите по германски јазик и книжевност и кај другите ученици и студенти на училиштата и универзитетите во Република Македонија;

-       да се грижи за омасовување на организацијата, развивање на внатрешни демократски односи и влијание на членството врз работата на органите на телата на Здружението;

-       да учествува во разновидни подготовки кои се однесуваат на популаризација на германскиот јазик и подобрување на наставата по германски јазик и да се грижи за интересите на наставниците по германски јазик и книжевност;

-       да се грижи за вреднување на доброволната општествена активност на Здружението и за таа цел востановува разновидни признанија.

Член 10

Основни задачи на здружението се:

-       самостојно ги следи, исучува, третира и решава или пак предлага решенија за разрешување на проблемите од својата област;

-       покренува  иницијатива за нормативно регулирање на одделни прашања преку закони и прописи;

-       се јавува како организатор со другите организации и заедници за организирање на заедничка активност и акција за утврдување и спроведување на заедничка програма за прашања од пошироко значање и др.

Член 11

Целите заради кои членовите се здружиле во ова здружение ги остваруваат по пат на лично изјазнување на седниците на собранието или преку избрани членови во органите на здружението. Во остварувањето на дејноста на здружението донесуваат соодветно одлуки, решенија, заклучоци и препораки и заземаат ставови за склучување на соодветни договори и спогодби со кои се унапредува и усовршува дејноста на здружението.

Член 12

Членовите на здружението избрани во органите и телата на здружението, задачите ги обавуваат без паричен надоместок.

Член 13

Членовите на здружението на остварување на дејноста на здружението се должни да плаќаат чланарина и други надоместоци потребно за функционирање на истото.

Висината на чланарината и останатите надоместоци се определуваат со одлука на претседателството на здружението и се во зависност од обврските на здружението како пример плаќање на телефонски сметки како и други материјални и тековни трошоци.

IV.ЗДРУЖУВАЊЕ И СОРАБОТКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 14

Здружението на наставниците на германски јазик и книжевност на Република Македонија го застапува и претставува претседателот на здружението, а во негово отсуство член на претседателството что ќе биде определен.

Член 15

Здружението самостојно одлушува за здружување со сојузи и други облици на здружување, со сродни здруженија и организации заради унапредување на активноста на дејноста на здружението и остварување на целите заради кои е формирано.

Член 16

За соработка на здружението усвоена е и формата на почесен член на здружението,а се однесува на физички или правни лица на Република Македонија или од странство кои со своите посебни залагања допринеле за спроведување на интересот и целта на здружението.

V. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 17

Членувањето во здружението е слободно и доброволно во согласност со уставот и законот за општествените организации и здруженија на граѓаните.

Член на здружението може да биде секој граѓанин кој е државјанин на Република Македонија. Поблиски услови за прием на членови во здружението донесува претседателството на здружението, член на здружението се станува со поднесување на молба за прием во членството, изјава за прифаќање на актите на здружението, плаќање на членарина.

Член 18

Членството во здружението престанува со:

-       изјава на членот дека не сака повеќе да биде член на здружението;

-       со престанок на здружението;

-       исклучување на членот поради неплаќање на членарина подолго од шест месеци.

Член 19

Членството во здружението не престанува ако членот привремено прекине да ја прави активноста, а редовно ја плаќа членарината.

Член 20

Сите членови на здружението имаат еднакви права и обврски во работата и остварувањето на целите и здружението.

Член 21

Членот на здружението ги има следните права:

-       да бира и да биде биран во органите на здружението;

-       да покренува иницијатива за подобрување и унапредување на дејноста на здружението;

-       да поднесува молби,жалби и приговори;

-       да бара и прима стручна и друга помош;

-       да ги остварува правата што се предвидени со статутот, правилниците и законот.

Член 22

Членот на здружението ги има следните обврски:

-       да се придржува кон одредбите од статутот и другите акти на здружението;

-       да ги развива хуманите и другите односи меѓу членовите и другарски да укажува на слабостите и неправилностите;

-       внимателно да се однесува кон имотот на здружението;

-       редовно да ја плаќа членарината во здружението, освен почесните членови.

Да ги извршува и другите обврски и задолженија кои произлегуваат од законот, статутот и другите правилници одлуки и заклучоци на органите на здружението.

VI.ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 23

Членовите на здружението своите права и обврски ги вршат непосредно или преку органите на телата на здружението.

Член 24

Органи на здружението се:

Собрание, Претседателство и Надзорен одбор.

Член 25

Собранието е највисок орган на управување на здружението. Собранието на здружението го сочинуваат сите негови членови.

Член 26

Собранието се свикува по потреба,а најмалку еднаш годишно. На годишното собрание на здружението се поднесува извештај за работата во текот на годината, финансиски извештај, се донесуваат одлуки и правилници и се предлага програма за работа за наредниот период.

Член 27

Седниците на собранието ги свикува претседателството по своја иницијатива или по барање од најмалку една третина од членовите на здружението,надзорниот орган и претседателството. Поканата со дневниот ред и материјалите за годишно собрание се доставуваат до членовите најмалку три дена пред неговото одржување.

Член 28

Собранието на здружението работи на седници. Седница на собранието може да се одржи ако се присутни најмалку две третини од членовите на здружението.

Одлуките на собранието се донесуваат со мнозинство на гласови од присутните членови на собранието, а одлуките со кои се отуѓува имотот на здружението или се одлучува за престанок на здружението со две третини мнозинство од членовите на зрдужението.

Член 29

Права и обврски на здружението:

Собранието на здружението ги врши следниве работи:

-       донесува статут и врши негови измени и дополнувања;

-       донесува деловник за работа;

-       донесува финансиски план и усвојува завршна сметка;

-       донесува планови за развој на здружението;

-       ги избира претседателот,членовите на претседателството и членовите на надзорниот одбор;

-       го усвојува извештајот за работата на претседателството и другите органи на здружението;

-       ја поттикнува научно-издавачката дејност во оваа свера;

-       ја потпомага издавачката и публистичката дејност;

-       врши други работи предвидени со законот, статутот и другите акти на здружението;

VII.ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО

Член 30

Претседателството е извршно оперативен орган на здружението и се избира од редот на членовите на Собранието. Претседателството се состои од девет члена. Мандатот на членовите на претседателството трае четири години сметано од денот на изборите.

Член 31

Претседателство на здружението ги врши следните работи:

-       ја организира и координира работата на здружението;

-       се грижи за спроведување на сите одлуки, заклучоци;

-       ги подготвува материјалите за седниците на собранието;

-       поднесува исвештај за својата работа;

-       одлучува по жалби, молби и приговори на членовите на здружението;

-       донесува годишна програма за работа;

-       избира кандидати за претседател, потпретседател и сектор на претседателство;

-       одлучува за формирање на комисии и работни тела на претседателството и ги избира членовите на комисиите и телата;

-       ангажира стручни соработници за вршење на определени работи за потребите на здружението;

-       именува членови на издавачкиот совет, редакцијата и рецензијата како и комисија за изданието на здружението;

-       одлучува за користење на финансиски средства;

-       одлучува за прием на нов член;

-       врши и други работи за потребите на здружението утврдени со статутот, другите општи акти и законски прописи;

-       изработува предлог за измена на статутот и го доставува до сите 30 дена пред да биде свикано Собранието.

Член 32

Претседателството работи на седници. Седниците се одржуваат по потреба,а најмалку едаш во месецот. Седниците на претседателството ги свикува и со нив раководи претседателот,а во негово отсуство потпретседателот на претседателството.

Седниците на претседателството се одржуваат ако се присутни повеќе од половината најмалку седум члена,а одлуки се донесуваат со мнозинство на гласови од присутните членови на претседателството. Претседателот од членовите на претседателството избира потпредседател и секретар на претседателството со мандат од четири години сметано од денот на изборот.

Член 33

Одговорност на претседателството:

Претседателството презема мерки за општествено и економски целесообразноползување на средствата и за спречување на негативните појави во располагање на средствата. Претседателството одговара за законитоста на работата во врска со ползување и располагање на средствата на здружението.

Претседателството за својата работа одговара пред Собранието на здружението.

Член 34

Долчности на претседателот се:

-       застапување на здружението пред сите надлежни органи во градот и Републиката;

-       во име на здружението ги потпишува сите акти на здружението, финансиските документи, договорите со ангажираните стручни надворешни соработници;

-       спроведување на програмската активност на здружението;

-       координирање со работата на претседателот;

-       одржување контакти со здруженија и организации во земјата и странство, што се од интерес на здружението.

Член 35

Претседателот се бира од членовите во собранието,а него го избира собранието на здружението со мандат од четири години.

Член 36

Претседателот со својата работа одговара во согласност со уставот и законот.

Член 37

Потпретседателот го заменува претседателот кога тој е отсутен и ги врши оние работи што ќе му ги довери претседателот.

Член 38

Секретарот на претседателството се грижи за подготвување на материјали за седниците на претседателството и ја координира работата на седниците и врШи други работи кои ќе му ги довери претседателството.

VIII.НАДЗОРЕН ОДБОР

Член 39

Надзорниот одбор е орган на собранието на здружението. Надзорниот одбор се состои од три члена со мандат од две години.

Членовите на Надзорниот одбор меѓу себе избират претседател и се состануваат еднаш годично.

Надзорниот одбор врши надзор над спроведувањето на одлуките на Собранието и финансиско-материјално работење на претседателството и за тоа дава извештај на редовното собрание.

Надзорниот одбор при утврдени неправилности може да свика вонредно собрание.

Член 40

Надзорниот одбор овозможува увид во користењето на средствата пред членовите на здружението.

Член 41

Членовите на Надзорниот одбор имаат право да присуствуваат на седниците на претседателството.

Член 42

Надзорниот одбор одговара за својата работа во согласност со позитивните законски прописи пред Собранието на здружението.

IX.МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Член 43

Заради остварување на целите и задачите на здружението, здружението има сопствени парични средства кои се водат на жиро сметка при заводот за платен промет и други основни средства. Здружението средствата ги стекнува од членарина,придонеси,подароци,донација од надворешни и внатрешни физички и правни лица, додаток од министерство за образование и физичка култура на Република Македонија.

 

Член 44

Висината на членарината како и висината на другите обврски за определена намена со своја одлука ги определува претседателството во зависност од финансиските обврски на здружението.

Член 45

Здружението има жиро сметка кај ЗПП и сите плаќања се вршат вирмански,а само по исклучок во готово и тоа до износот на законскиот максимум.

Член 46

Потписник на жиро сметката е лице определено со одлука на претседателството.

Член 47

Членарината и другите давачки одредени со одлука на претседателството се задолжителни за сите членови и нивното неплаќање на членарината значи потешка повреда на обврските бидејќи со нередовно плаќање на членарината се оневозможува нормално функционирање на здружението.

Член 48

Здружението започнува со вршење на своите активности во согласност со законот откако ќе се заведе во регистерот на здруженијата.

X. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 49

Јавноста во работата во органите на здружението претставува битен услов за развој и унапредување на дејноста на здружението.Органите на здружението се должни во согласност со законот и овој статут на соодветен начин да ги известуваат членовите на здружението за донесените одлуки.

XI.СТРУЧНИ СЛУЖБИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 50

За вршење на административни, финансиски,правни уреднички и други работи собранието одлучува дали ќе формира стручна служба или ќе го овласти претседателството за тоа да ангажира повремени надворешни стручни соработници. За ангажирање на надворешните соработници претседателот склучува посебни договори, а во случај на формирање на посебни служби се склучува посебен договор за обезбедување на средства за плаќање на надворешните соработници.

XII. ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 51

Здружението престанува да работи:

Со одлука за престанок на донесена од Собранието кога за тоа ќе настанат следните условиЧ

-       ако за тоа одлучат членовите;

-       ако бројот на членовите се намали под бројот кој што е доволен за основање на здружението;

-       ако се утврди дека здружението престанало да работи;

-       ако настанат причини од член 23 од законот и други.

Член 52

За престанок на работата на здружението на членовите одлучуваат на седници на собранието ако се присутни најмалку две третини од членовите и ако за престанок на здружението се изјаснат најмалку две третини од вкупниот број на членовите на здружението.

Одлуката за престанок на работа на здружението претседателот на здружението во рок од 15 дена од нејзиното донесување ја доставува до надлежниот орган на ГУВР каде се води регистерот заради бришење на здружението.

Член 53

Во случај на престанок на работа на здружението по било кој основ средствата кои ќе останат по надминување на обврските се пренесуваат на Заводот за згрижување на децата и младинци.

XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 54

Овој статут влегува во сила со денот на неговото усвојување од собранието на здружението.

Член 55

Измени и дополнување на овој статут се вршат во постапка предвидена за негово усвојување.

Иницијатива за измени и дополнување на статутот може да покренат претседателството на здружението една третина од членовите на здружението.

За покренување на иницијативата одлучува претседателството и доколку е оправдана ќе подготви предлог за измени и дополнувања на статутот на здружението.

Член 56

Толкување на одредбите на овој статут дава собранието на здружението на своја седница.

 

Дата

15.07.1998 год

Скопје

 

 

 

 

 

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de